• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Category Archives: Новости

Културни стереотипи

Во текот на мај 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа активности во рамки на темата “Културни стереотипи”.

За реализација на оваа активност, учениците работеа поделени во групи. Секоја група доби примерок на санта мраз во која се потенцираат карактеристики видливи на прв поглед за една култура како и суптилните карактеристики кои се појавуваат откако ќе запознаеме повеќе претставници од таа култура. Учениците имаа задача да напишат карактеристики на некој претставник од некоја култура и на крајот од активноста секоја група презентираше, а другите ученици дополнуваа или прашуваа доколку имаа нејаснотии.

Целите на активноста се: надминување на стереотипите и предрасудите кон другоста во непосредното опкружување, поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи како и поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности.

Грижата за другите е грижа за себе

На 21. март 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа две активности во рамки на темата “Грижата за другите е грижа за себе”.

Во рамки темата се одвиваа две паралелни активности. Активноста на тема екологија, каде учениците дизајнираа корпи за рециклирање и активноста по повод одбележување на различноста, односно Денот на Даунов синдром, за време на која беше прочитан текст за значењето на денот и изработено пано. Притоа децата носеа шарени чорапчиња кои се симбол на различноста.

Целите на активноста се: надминување на стереотипите и предрасудите кон другоста во непосредното опкружување, поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи како и поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности.

Моите чувства

На 13. февруари 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа работилница во рамки на темата “Моите чувства” на секцијата “Јас и другите”.

На оваа работилница која се реализираше во пресрет на Св. Валентајн – Денот на вљубените, учениците изработија рамка за фотографирање, честитки и кутија за љубовни пораки.

Целите на активноста се: поддржување на учениците при изразување на различни видови чувства, поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи како и поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности.

Работилница на тема “Соработка”

Во јануари 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа работилница во рамки на темата “Соработка” на секцијата “Јас и другите”.

Учениците дискутираа за соработката како клуч за решавање на проблемите кои не засегаат. Тие работеа во групи и секој даде свој придонес со пишување пораки во врска со глобалното затоплување, со кои на крај изработија постер.

Целите на активноста се поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи, поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности како и препознавање и практикување на прифатливо и одговорно однесување во локалната заедница.

Работилница за Нова Година

Во декември 2018. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, спроведоа креативна работилница во рамки на секцијата “Јас и другите”. Креативната работилница беше реализирана со подготовка на различни украси за Нова Година. Сите ученици го зајакнуваат степенот на самодоверба преку тимска работа, прекуактивен личен придонес и учествoto во создавањето на групен продукт.

Целите на активноста се да се поттикнат кооперативните односи во хетерогената етничка група, да се поддржува самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности, да се развие позитивен пристап кон волонтерството и младинскиот активизам во локалната заедница.

Училиште без насилство

Во ноември 2018 година, училишен психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ со учениците од втора година спроведе активности во рамките на месечната тема Конфликти, како дел од секцијата Јас и другите.

За реализација на оваа активност, учениците користеа разни заеднички материјали за изработка на постер со пораки против насилство и булинг.

Целите на оваа активност се: соработка во група со хетерогена етничка структура, конструктивна комуникација, сензибилизирање на учениците за почитување на јазичните, верските и културните разлики, oспособувањена учениците за индивидуални, конструктивни разрешувања на конфликти.

Се грижиме за миленичињата

На 23 и 24 април 2018 година, училишниот психолог Светлана Аспровска-Тодоровиќ ја спроведе априлската работилница заедно со учениците вклучени во Нансен проектните активности. Бидејќи поголемиот дел од учениците се грижат за благосостојбата на миленичињата, тие креираа постери со пораки “Вдоми милениче” како дел од работилницата.

Мартовски работилници

На 5-ти и 6-ти март, професорката Светлана Аспровска- Тодоровиќ организираше креативни активности и работилници со учениците вклучени во Нансен проектните активности. Темата на работилниците беше во духот на 8-ми март, и со цел да се одбележи, учениците спроведоа мала анкета за “Инспиративните жените во нашите животи”. Учениците ги обработија одговорите и ги презентираа најкреативните и најинспиративните одговори.

Kутија на љубовта

На 11 февруари 2018 година, професорката Светлана Аспровска-Тодоровиќ ја реализираше проектната активност сопред моделот Нансен со учениците од прва и втора година. Активноста беше реализирана во духот на Св. Валентин, а учениците изработија кутии и декорации со рециклирани материјали.

Новогодишна работилница

На 15-ти декември 2017 година, професорката Светлана Аспровска- Тодоровиќ ја реализираше креативната работилница како дел од Нансен проектните активности за интеркултурно образование. Учениците заедно изработуваа честитки и новогодишни украси и уживаа во празничната атмосфера.