• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

Новости и активности

Моите чувства

На 13. февруари 2019. година, училишниот психолог Светлана Аспровска Тодоровиќ, заедно со учениците од втора година, реализираа работилница во рамки на темата “Моите чувства” на секцијата “Јас и другите”.

На оваа работилница која се реализираше во пресрет на Св. Валентајн – Денот на вљубените, учениците изработија рамка за фотографирање, честитки и кутија за љубовни пораки.

Целите на активноста се: поддржување на учениците при изразување на различни видови чувства,  поддржување конструктивна комуникација и соработка меѓу учениците од две различни етнички групи како и поддржување самоорганизацијата на учениците за време на реализација на заеднички активности.