• en
  • mk
  • sq
  • en
  • mk
  • sq

За училиштето

Во СУГС „Георги Димитров“ се образуваат ученици од : четиригодишно гимназиско образование во кое постојат три типа насоки кои учениците ги избираат во третата година од образованието и тоа математичка насока,општествена насока и јазична насока; тригодишно и четиригодишно стручно образование: шумарско -дрвопреработувачка струка (техничар за мебел и ентериери, техничар за шумарство и пејзажна архитектура и дрвопреработувачка струка–столар )

Во училиштето редовно се запишуваат и ученици со посебни потреби за кои е изработена програма за деца со посебни образовни програми во која се содржани диференцирани цели, наставни теми,очекувани ефекти, дидактички материјали, време на реализација, средства и постапки за вреднување на ученикот.

За учениците од завршните години се организираат разни форми на професионална ориентација.

Во училиштето се спроведуваат различни проекти и активности кои имаат за цел да се подобри социо- емоционалната клима помеѓу учениците и помеѓу учениците и наставниците. Се води грижа во реализацијата на сите активности да бидат вклучени ученици од сите етнички групи со цел меѓусебно запознавање, запознавање и почитување на различностите. Успешното реализирање на теми од областа на интрекултурното образование имаат големо влијание врз градење на свеста на учениците за намалување на етничките стереотипи, почитување на различностите, и промоција на не- насилство.

Во училиштето се реализираат проектни активности со ученици од различно етничко потекло со цел зајакнување на меѓусебните комуникациски врски преку тимска работа и заемно почитување.